Пајак службата започна да крева возила на улицата „Никола Карев“
Полициското сигнализирање за непрописно паркирани возила го наруши секојдневниот ритам на улицата „Никола Карев“ во Охрид – од Музичкото училиште „Методи Патче“, преку Историскиот архив и детската градинка „Билјана“, па сè до Трговскиот центар „Трудбеник“. Голем број граѓани беа приморани да ги препаркираат своите автомобили.
Во меѓувреме, пајак службата започна да крева непрописно паркирани возила, што ја засили акцијата и ја потврди сериозноста на мерките.
Иако на оваа улица одамна постои знак за забрането запирање и паркирање, истиот не се почитува. Полициската толеранција заврши денес. Очигледно, казните нема да останат само во рамки на „Безбеден град“, туку секаде каде што законот бара ред.
04.02.2026 / WebOhrid
