13/06/2026
Спорт

Panini FIFA World Cup 2026 – онлајн албум со сликички

Со приближувањето на Светското првенство во фудбал 2026, повторно е актуелна магијата на албумите со самолепливи сликички. Италијанската компанија Panini го претстави официјалниот онлајн албум кој овозможува собирање и размена на дигитални сликички со фудбалери од сите репрезентации учеснички на ова Светско првенство.

Корисниците секој ден добиваат по две бесплатни пакетчиња со сликички, а дополнително можат да искористат и промо кодови кои обезбедуваат уште бесплатни пакетчиња. Дупликатите веднаш се заменуваат преку платформата, што овозможува побрзо комплетирање на албумот и интеракција со глобалната заедница на колекционери.

Официјалниот албум е достапен овде: Panini Online Album

#PaniniCollection #FIFAWorldCup #PaniniStickers #WorldCup2026