Папата Франциск: Сигурен сум дека вашата земја е добра, најубавите мозаици се тие што имаат многу бои

Откако вашата земја стана независна, Светиот Престол сакаше со вас да воспостави пријателски и дипломатски односи. Денес, повеќе од кога било, има потреба и во Европа, и во целиот свет, да се развива култура на излегување во пресрет, култура на братство, и јас ќе дојдам меѓу вас, да го посеам ова семе. Сигурен сум дека вашата земја е добра, дека ќе го прими ова семе и ќе добие плодови. 

Всушност, посебната убавина на вашата земја, се должи на различните култури, етникуми и религии што живеат во неа. Секако дека соживотот не е секогаш лесен, го знаеме тоа, но вреди да се вложи тој напор, бидејќи најубавите мозаици се тие што имаат многу бои. 

Мојата посета ја посветувам и на една голема светица, ќерка на вашата земја, Мајка Тереза, родена и израсната во Скопје, која преку благодатта Божја, стана храбра мисионерка на Христовата милост во светот, давајќи утеха и достоинство на најсиромашните меѓу сиромашните.

Драги пријатели, да ја подготвиме нашата средба со молитва дека ќе биде исполнета со мир и секое добро за целиот ваш народ. 

Бидете од Бога благословени!