Паскали: Целта на СДСМ е задоволни пациенти – граѓани и задоволни сопственици на аптеки
Секретарот на ОО на СДСМ – Охрид, Васко Паскали денес се обрати во врска со укинувањето на квотите за лекови во Охрид
„Почитувани граѓани, СДСМ како партија уште еднаш докажа дека за нас дадениот ЗБОР – ВАЖИ.
Во предизборните програми едно од нашите ветувања беше напуштањето, поточно укинувањето на квотите за лекови во аптеките ширум земјава.
Владата на Република Северна Македонија, поточно Министерството за здравство е на пат ова прашање да го реши во интерес на сите.
Задоволни пациенти – граѓани и задоволни сопственици на аптеки. Тоа ни е целта.
Значи ЗБОРОТ за СДСМ – ВАЖИ.
Придобивките од ваквата заложба на Владата меѓу првите ги почувствуваа , токму граѓаните – пациентите од Охрид и оние кои летуваат на крајбрежјево а им се потребни лекови.
Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче деновиве информираше дека за месец август ќе бидат укинати квотите во аптеките во регионите на Охрид, Струга, Дојран, околината на Гевгелија и регионот на Ресен.
Со оваа одлука, во фази започнува спроведувањето на мрежата за доставување на лекови без квоти и воспоставување на дополнителни механизми за заштита од злоупотреба.
Почитувани граѓани и почитувани медиуми!
Ова значи дека за секој лек којшто ќе биде издаден на рецепт, рецептот ќе биде реализиран од страна на Фондот за здравствено осигурување.
На овој начин ќе се надмине проблемот со недостатокот од лекови, односно, лековите на рецепт и тие ќе бидат подостапни за пациентите во текот на цел месец а не како досега во првите петнаесет дена од месецот. Вака граѓаните ќе бидат поспокојни дека во секое време медикаментите ќе им се достапни.
Почитувани,
Сите пациенти кои не се во можност лично да отидат во аптека од здравствени причини, тие ќе можат како и досега да ги подигнат лековите преку членовите на нивните семејства.
Ова со лековите и туристичките региони е само Прва фаза до целосното укинувањето на квотите за лековите на територијата на целата држава.
Во зависност од динамиката на Фондот за здравствено осигурување следните фази ќе се спроведат до крајот на месец септември.
Кон крајот на овој месец ќе започне и официјално административната процедура на вклучување на сите аптеки, коишто во овој момент не се во мрежата на здравствени установи, за истите да се вклучат. Да можат и тие да станат дел од овој систем.
Ја користам пригодава да соопштам дека Министерството за здравство ќе започне со уште еден Проект кој е дел од преземањата на СДСМ и Владата за средување на состојбите во здравството.
Ресорното министерство ќе почне со проширување на мрежата за прием на нови специјалистички ординации.
Овие мерки се во интерес и на лекарите и на пациентите. Преку отворање на специјалистички ординации, младите лекари ќе ги мотивираме да останат и да работат во нашата држава, а пациентите ќе имаат поголема можност да бираат во која специјалистичка ординација сакаат да одат.
Почитувани,
За СДСМ – ЗБОРОТ е ЗБОР
Задоволни пациенти – задоволни граѓани!
Одиме кон остварување на уште многу ветени и зацртани Проекти кои ќе значат ПОДОБАР ЖИВОТ ЗА СИТЕ !“ – истакна Паскали.