28/03/2024
Дебрца

Патиштата во Дебрца се проодни, но се препорачува внимателно возење

Во пресрет на Божиќните празници и очекуваната зголемена фрекфенција на сообраќај кон селата на Дебрца, попладнево градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески ги обиколи патните правци до селата во повисокиот дел на Дебрца, односно Горна Дебрца.

Вчера и денес во овој дел градежната оператива ангажирана од општината вршеше чистење на овие патни правци.

Останува во текот на утрешниот ден да се изврши чистење на делницата до селата Издеглавје-Слатино-Оздолени-Сошани и до село Арбиново.

Сите патни правци се проодни, но поради ниските температури и покрај чистењето, на коловозите има набиен и замрзнат снег, поради што се препорачува внимателно возење.