24/04/2024
Охрид

Патувачка изложба на фотографии во кафе и бар „Шила“

Денес (понеделник 09. Јули) од 20:00 часот во кафѐ и бар „Шила“ во Охрид ќе биде отворена изложба на фотографии со наслов „Јас припаѓам тука“ од млади талентирани вљубеници во оваа уметност.

Интересни и невообичаени ликови и струшки ќошиња е темата на изложбата која се реализира во рамки на проектот „Декада на припадност – Славење на различностите“ и ќе биде преставена во неколку градови низ Македонија (Охрид, Струга, Кичево, Дебар).

„Што ве инспирира да почувствувате припадност кон вашето родно место? Дали се тоа улиците каде сте пораснале? Некои посебни луѓе? Езерото, Дрим или планините? Некои неповторливи моменти? Претходниот период добивме многу фотографии на оваа тема, и сега ни е голема чест да ве поканиме на отворањето на изложбата“ – велат организаторите од локалната агенција за развој од Струга и Граѓанската организација „Креативни и активни“ од Струга.

Изложбата во „Шила“ ќе биде поставена до 20. јули.

Менторската поддршка и обработка се на струшкиот фотограф и сестран уметник Кристина Затуроска – Кики Муки.