06/10/2024
Македонија

Павле Трајанов: Да се деблокира постапката за измени на Изборниот законик

На денешната седница во Македонскиот Парламент, Павле Трајанов, побара да се деблокира постапката за измени на Изборниот законик, со кои се предлага, Македонија да биде една изборна единица.

Во оваа насока, Павле Трајанов, претседателот на Демократскиот сојуз и пратеник, меѓу друго нагласи: “Сакам да искажам благодарност до сите новинари кои година дена дадоа огромна поддршка за измените на Изборниот законик, со кои ќе се демократизира Македонија, но и ќе се овозможат услови за да граѓаните имаат избор при гласањето.”

Трајанов посочи дека мнозинството пратеници ги поддржуваат промените поради што е неопходно да се деблокира донесувањето на овие измени.

Трајанов најави дека наредните денови ќе се направат консултации со предлагачите и поддржувачите на законот, се со цел да се деблокира процесот на реформи во изборните правила.

„Ние сме одговорни пратеници, свесни сме за рефлексиите на војната во Украина, но Парламентот треба да продолжи со работа и реформите да продолжат.

Во услови на нарушена стабилност во Европа и Балканот, Владата има сериозни обврски, но нема никакви пречки Парламентот нормално да работи.“ – истакна Трајанов.


ВебОхрид / 15.03.2022 / Демократски сојуз