25/04/2024
Охрид

Пецаков: Изградба на велосипедска патека Охрид – Свети Стефан

„Со велосипедската патека Охрид – Свети Стефан се овозможува безбедно движење на велосипедистите од излезот на градот до туристичката населба „Свети Стефан“.

Охриѓани и гостите со оваа патека добиваат ново место за рекреација на современ и модерен начин и можност да го користат своето време активно практикувајќи здрави навики за возење велосипед.

Проектот е и во функција на заштита и унапредување на животната средина.

Со овој проект освен задоволување на големиот интерес на населението за патување со велосипед се подобрува и туристичката понуда во Охрид и директно се придонесува за зголемување на атрактивноста на градот, привлекување и задржување на посетителите.

Заокружи 7 за голема победа на Д-р Кирил Пецаков!

На 31 октомври Охрид добива ВИСТИНСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК кој гарантира нова и светла иднина!“ – истакна д-р Кирил Пецаков, кандидатот за градоначалник на општина Охрид од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“.