26/04/2024
Охрид

Пецаков: Народот се буди, Охрид се буди, Македонија е жива

„Македонскиот народ е обединет и сплотен и застанува на патот на предавството коешто Зоран Заев и оваа Влада и го подготвуваат на Македонија. Целосното обезличување преку бришење на македонскиот народ и македонскиот јазик е последната црвена линија преку која нема да дозволиме да се помине.

Ме радува фактот што секојдневно се зголемува бројот на луѓето кои се охрабруваат да излезат на протест и да кажат НЕ на бришењето на сè што е македонско.

Му посочуваме на Заев дека никој не му дал мандат да преговара за Македонија и македонскиот народ и јазик, и му порачуваме дека не може да ни биде избришана македонската свест. Поради тоа што оваа Влада не може да ги реши проблемите на граѓаните во Македонија бараме веднаш неотповиклива оставка на Заев и формирање на Влада на национален спас којашто ќе биде составена од експерти.

Народот се буди, Охрид се буди, Македонија е жива!

Оставка на Заев, слобода на народот!“ – изјави на денешниот протест, Д-р Кирил Пецаков, пратеник во Собранието на Република Македонија.