28/03/2024
Охрид

Пецаков: Ве повикувам на 15 јули да излезете и да го заокружите бројот 14

Кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во 5-тата изборна единица, д-р Кирил Пецаков денес го имаше завршното обраќање до јавноста. Пецаков ги повика граѓаните да излезат да гласаат на 15 јули и да ја дадат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ.

„Почитувани сограѓани и пријатели. На 15 јули среда ве повикувам сите да излезете и да го дадете својот глас, притоа да направите разлика помеѓу СДСМ партијата којашто под превезот на празната флоскула за живот во Македонија јазично и идентитески ја обезличи Македонија, притоа ни нанесе голем национален срам и од друга страна партијата ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија којашто проектот Обнова на Македонија го презентира пред граѓаните и притоа видоа граѓаните дека тој проект содржи реални програми којшто се остварливи за еден четиригодишен мандат и се обврзуваме на тоа.

Затоа на 15 јули ве повикувам да излезете и да го заокружите бројот 14.“ – истакна Пецаков.