19/04/2024
Спорт

Пехар за Воска спорт за освоеното прво место во Втора МФЛ

Со одигрувањето на натпреварите од 30. коло, официјално се затвори натпреварувачката сезона 2022/23 во Втора МФЛ. 

Тимот на Воска од Охрид го слави првото место и пласманот во Прва МФЛ, заедно со второпласираниот состав на Гостивар.

Најтрофејниот македонски клуб, Вардар заврши на третото место и ќе игра бараж натпревар против Скопје за место во нашата најдобра фудбалска конкуренција. 

Воска славеше кај Борец во Велес со убедливи 7:1, додека Гостивар успеа да слави против Караорман.

Каменица Саса успеа да обезбеди опстанок во Втора МФЛ со освоениот бод во Битола против Пелистер. Тетекс ќе игра бараж за опстанок, додека Локомотива Пехчево ќе игра во понизок ранг.


WebOhrid / 14.05.2023 / ФФМ