19/04/2024
Македонија

Пет активни конкурси на Министерството за култура

На страницата на Министерството за култура во овој момент се поставени пет тековни конкурси, распишани во изминатиот период. Освен Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2018 година, тука се и конкурсите на Креативна Европа, за стручно усовршување на уметници и дефицитарни кадри, конкурсот за учество на Интернационалната изложба на архитектура во Венеција, како и Конкурсот на Фондацијата за македонски јазик „Небрегово” за текстови за монографијата „Како го читам Конески“.

Сите потенцијални учесници може да доставуваат свои проекти до Министерството за култура Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2018 година до 15 ноември 2017 година. Поподробни информации за конкурсот и документите за пријавување за различни дејности може да се најдат и да се подигнат на: http://kultura.gov.mk/index.php/konkursi/3066–2018.

Оваа недела Министерството за култура го објави и Конкурсот за учество во финансирање проекти од програмите на Креативна Европа (2014-2020) – потпрограма  Култура и Култура 2007-2013 на ЕУ за 2018 година. Имајќи ги предвид различните рокови на конкурсите од програмата „Креативна Европа – потпрограма Култура“ на Европската комисија – Извршна агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура (ИА) за различни категории, Конкурсот е отворен во текот на целата година, а ќе се одлучува четирипати годишно – во декември 2017 година и во април, јуни и септември 2018 година. Крајниот рок за доставување на пријавите за првиот рок за одлучување е 30.11.2017 година, а конкурсните документи може да се пронајдат и зачуваат на оваа содржина објавена на веб – страницата на Министерството: http://kultura.gov.mk/index.php/konkursi/3166————2014-2020—–2007-2013—-2018-.

За сите заинтересирани, активен е и Конкурсот за стручно усовршување на уметници и дефицитарни стручни кадри во областа на театарот, музиката, танцот, литературата, визуелните уметности, архитектурата и дизајнот и заштитата на недвижното, движното и нематеријално културно наследство за 2018 година. Пријавата која е составен дел од конкурсот, се презема од веб – страницата на Министерството за култура (http://www.kultura.gov.mk/index.php/konkursi/3112–2018-) и се пополнува во електронска форма со впишување податоци на означеното место, се потпишува и се доставува во печатена форма во Министерството за култура, најдоцна до 17.11.2017 година.

Министерството за култура го објави и Конкурсот за проект за учество на Република Македонија на 16-тата Интернационална изложба на архитектура во Венеција во 2018 година. Пријавата задолжително се презема од веб – страницата на Министерството за култура http://www.kultura.gov.mk/index.php/konkursi/3104–16-2018-  и се пополнува во електронска форма со впишување податоци на означеното место, се потпишува од овластено лице и се доставува во печатена форма во Министерството за култура, најдоцна до 17.11.2017 година.

Активен е и Конкурсот на Фондацијата за македонски јазик „Небрегово” за текстови за монографијата „Како го читам Конески“, како дел од едицијата „Македонски збор“. Заинтересираните може да учествуваат во оваа монографија со свое видување на одделни аспекти од научното, уметничкото и општественото дело на Конески. Текстовите, со обем не поголем од еден авторски табак, треба да се испратат најдоцна до 31 март 2018 година во електронска форма на е-пошта: kakogocitamkoneski@yahoo.com. Конкурсот може да го најдете на веб-страницата на Министерството за култура.