Пет криминалци приведени од ЕВР Чаир

На 14.11.2020 полициски службеници од ЕВР ОКР Чаир при СВР Скопје приведоа пет лица барани со потерница: Џ.М. (25), А.И. (18), М.Ш. (26), Е.И. (18) и С.Р. (20), кои биле предмет на потрага како сторители на кривични дела по чл. 236 и 140 од Кривичниот законик на РСМ. Приведените се спроведени до надлежните органи кои трагаа по нив.