08/10/2024
Охрид

Петар Рупески го фати светиот крст во Охрид

Петар Рупески беше најсреќниот помеѓу стотината капачи и прв стигна до светиот крст на Градското пристаниште во Охрид. Ова е петти пат како Петар го фаќа крстот, а првпат го фати во 2005 година.

Чинот на осветување на водата во Охридското Езеро го спроведоа свештеници од Дебарско-кичевската епархија, а присуствуваа голем број православни верници од нашата земја и од странство.

WebOhrid