19/04/2024
Охрид

Петкоска: Заштита на културното наследство во функција на промоција и афирмациjа на културните вредности

Кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во 5-тата изборна единица, Лидија Петкоска денес одржа прес-конференција на која претстави дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ за заштита на културното наследство и промоција и афирмација на културните вредности во Охрид и Македонија, збогатување на културниот живот и континуирана заштита и валоризација на материјалното и нематеријалното наследство.

„Културата e вродено обележје на идентитетот и развојот на секоја една држава.

ВМРО-ДПМНЕ секогаш ја вреднува културата како значаен дел од севкупните општествени развојни стратегии и затоа се обврзуваме на заштита на културното наследство во функција на промоција и афирмациjа на културните вредности на Македонија.

Наши цели ќе бидат и збогатување на културниот живот во Охрид преку дисперзија на културните содржини, како и унапредување на условите за остварување на културата и подобрување на статусот на културните работници во Македонија.

Без спознанието за нашето минато, иднината ќе ни биде целосно неизвесна.

Затоа се обврзуваме на континуирана заштита и валоризација на материјалното и нематеријалното наследство. Тоа е остварливо и најважно за Охрид преку формирање на постојна работна група за впишување на културните добра во националниот регистар на културни добра и на листите на УНЕСКО; понатаму

Изработка на национална стратегија 2020-2030 за заштита на културното наследство; Археолошки истражувања, конзервација и реставрација на културното наследство; и Заштита на културното наследство од профана и сакрална архитектура.

Промоцијата на културното наследство ќе се одвива преку осовременување на музејските поставки и депоата во национални институции кои ги имаме во Охрид како музеите, галериите, библиотеката, спомен-куќите.

Но, исто така и со соодветна опрема за континуирана дигитализација.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на ставање на културното наследство во функција на севкупниот развој на државата. Преку изработка на стратегија за развој на културен туризам; Унапредување на културниот туризам преку создавање на туристички мапи и културни тури; и Збогатување на археолошките локалитети со летни сцени, работилници, места за сувенири.

На 15 јули народот ќе избере зачувување на идентитетот на Македонија!

Бројот 14 за зачувување на културното наследство.

14 за заштита и негување на културата и уметноста!

14 за обнова на Македонија!“ – истакна Петкоска.