25/04/2024
Охрид

„Писмо некому“ – Интерактивна претстава за деца во Центарот за култура во Охрид

Во НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, во изведба на ЗГ БУДЕН ТЕАТАР Скопје, ќе се одигра Писмо некому“ – Интерактивна претстава за деца.

Претставата ќе се одигра во среда (28.11.2018 година), со почеток во 10:00 и 12:00 часот, во малата сала, а влезот е слободен!

Авторски концепт и режија: Милиана Ленак

Игра: Сара Климоска

Музичари: Виктор Гајтановски и Eлена Чадиковска

Препорачана возраст: 6+ / Времетраење: 50 мин.

„Писмо некому“ е интерактивна претстава за деца, базирана на приказните на познатиот холандски писател Тоон Телехен. Во неа се раскажува за осаменото китче, кое живее на крајот на светот, на работ на океанот, и затоа никогаш никој не го посетува. Китчето решава да го преплива океанот и да стигне до морскиот учител-албатросот за да научи да пишува, па да испрати писмо со кое ќе покани некого да му дојде во посета.

Претставата користи интерактивен пристап, хумор и музика, и на индиректен начин ги наведува децата да размислуваат за чувствата со кои се соочува секој кој е отфрлен и осамен. Истовремено ги ангажира заедно да пронајдат начин да му помогнат на нивниот нов пријател китот да биде помалку осамен.