25/07/2024
ДебрцаПисма/Колумни

Писмо: „Писта“ од Ботун до Белчишта, а во Мешеишта!?!

Помина навистина долго време откако Општината Дебрца ни подметна „легнати полицајци“ во Мешеишта. Не се навикнавме на нив, ниту се означени ниту пак изгледаат дека се плански направени: некаде пошироки, некаде потесни, некаде повисоки, а некаде пониски… со други зборови – дива лига. Згора на тоа – урааа канализација!!! Ископани се сите можни улички низ Мешеишта. Успеавме сами да си ги санираме (барем малку) оние неасфалтираните улички, а на асфалтираните – ровови… ОПАСНО!!! Не дај боже некој што не ги знае да налета со автомобилот на нив! Без ниту еден знак, без ниту едно предупредување, особено при намалена видливост. Дали треба да се навикнуваме и на нив!?

Се што сакаме е да упатиме апел до надлежните да го решат овој горлив проблем, да се санираат местата каде што е пресечен асфалтот, а доколку „легнатите“ од Мешеишта се за пример… тогаш очекуваме два-три исти такви да стават пред Општинската зграда во Белчишта, односно на ново-асфалтираниот пат од Ботун до Белчишта, таканаречената „нова писта“.

Група жители од с.Мешеишта

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.