16/04/2024
Македонија

По четврти пат Ресенски џез вечери

Веќе четврта година по ред, продолжува традицијата на одржување на Ресенските џез вечери. На градскиот плоштад, пред Jazz Taverna, голем број љубители на џезот уживаа во настапот на групата „Инстинкт“, до доцните вечерни часови.

„Присуството на голем број повратници во Ресен во летните месеци, ја зголеми и потребата од поголем број културни настани. Годинава, малку порано ги одржуваме џез вечерите, за разлика од минатата година, кога се случија во месец август и ги имаме во два викенди. Така, џез вечерите ги започнавме уште минатиот петок, со настапот на групата „Кабадајас“, а одлучивме овој викенд да има уште два настапи на музички групи. Синоќа пред ресенчани настапија членовите на групата „Инстинкт“, а вечерва, со настапот на Сашо Поповски трио, ги заокружуваме Ресенските џез вечери“, рече директорот на Домот на културата „Драги Тозија“ од Ресен, Васко Василевски.

Домот на културата „Драги Тозија“, како носител на културните настани во Ресен и Преспа, особено во летните месеци нуди разноврсна програмска понуда за сите вкусови и возрасти.