25/04/2024
Охрид

По пауза од 2 години продолжуваат иселеничките – Курајчки средби во Куратица

По пауза од 2 години продолжуваат иселеничките –Курајчки средби во Куратица.

Голем број на  иселеници жителите и голем број на пријатели на Куратица повторно ќе имаат можност на блиска средба со своите, во родното огниште. Ваквите средби се повторуваат од година во година при што се’ поголеми се бројноста и посетеноста на оваа манифестација.

Ваквите средби се организираа уште од осумдесеттите години, кога потоа биле прекинати,  оваа година е 18 то издание на оваа манифестација.

Покрај пријатниот планински амбиент и живописната природа со свеж и чист воздух, кој постојано го нуди Куратица, манифестацијата ќе биде збогатена со храна пијалоци и забава со  Дарко Стојаноски и група Харизма на курајчкото сретсело Сабота 30.07.2022 од 20 часот.

Ве очекуваме

Месна Заедница Куратица

Балоски Гоце