20/04/2024
Охрид

По повод Светскиот ден на поезијата утре ќе се одржи настан „Напиши стих – купи кафе…“

Секој 21 март се одбележува Светскиот ден на поезијата. Во таа чест втора година по ред НУ Библиотека „Григор Прличев“ и култната охридска кафетерија „Аквариус“ утре ќе го организираат настанот: „Напиши стих – купи кафе…“

Во кафететријата „Аквариус“ во Охрид од 10:00 до 14:00 часот секој којшто ќе напише стих ќе добие бесплатно кафе.

Од напишаните стихови Комисија составена од библиотеката и кафетеријата ќе ги одбере трите најдобри и авторите ќе ги награди со книги.

Со тоа НУ Библиотека „Григор Прличев“ и „Аквариус“ се приклучуваат приклучувајќи на глобалната иницијатива, каде што со неколку ваши, кратки строфи можете да купите кафе.

„Најважно е да се дружиме, да бидеме креативни и да покажеме дека чувствата се повредни од парите. Секој е добредојден и уште отсега му се радуваме на вашето присуство,“ – велат организаторите на овој несекојдневен настан.