29/03/2024
Охрид

По синоќешните снежни врнежи дежурните екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ на терен

Согласно задолженијата кои ги има Ј.П.„Охридски Комуналец“ по програмата за зимско одржување, дежурните екипи уште од раните утрински часови се на терен за да се обезбедат нормални услови за движење на автомобили и пешаци по синоќешните снежни врнежи.

Расчистени се јавните пешачки површини согласно категоризацијата и приоритет (чаршијата, стариот дел од градот, пристапни улици и степеници). На коловозите е делувано со абразивни средства и расположивата механизација.

Во координација со сообраќајната полиција и во текот на денот ќе се делува на локациите каде има потреба заради превенција од појавата на голомразица.