20/04/2024
Охрид

Почина лице од Свети Николе кое се повреди при скокање на камен во Езерото

На 02.08.2019 година во 20:00 часот било пријавено дека во Охрид на плажата „Лагадин“, Д.Л.(35) од Свети Николе скокнал во Езерото и со главатa удрил во камен, кој се наоѓал во водата. Од здобиените повреди, при транспорт во болница, истиот починал.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.