24/04/2024
Охрид

Почина охриѓанец кој излета од коловоз на магистралниот пат Охрид-Ресен

На 05.07.2022 во СВР Охрид е пријавено дека во периодот од 09:00 до 13:50 часот на магистралниот пат Охрид-Ресен, помеѓу место викано „Прентов мост“ и место викано „Тунели“, патничко моторно возило „фолксваген туарег“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(60) од Охрид, излетало од коловозот.

На местото на несреќата почина возачот Д.С., а смрт констатира лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото изврши увидна екипа на СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.


WebOhrid / 06.07.2022 / СВР Охрид