15/03/2026
Охрид

Почина работник кој падна при изведување градежни работи во трговски центар во изградба

На 16.05.2025 во 09:24 часот во СВР Охрид, од Итна медицинска помош Охрид е пријавено дека при изведување градежни работи во трговски центар во изградба во Охрид паднал и се повредил работникот Ѓ.Д.(58) од Охрид.

Тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде им подлегнал на повредите.

Увид на местото на настанот вршат јавен обвинител и полициски екипи.


WebOhrid / 16.05.2025 / СВР Охрид