Поделени 250 новогодишни пакетчиња во ООУ „Дебрца“
Во духот на новогодишната радост и солидарност, Општина Дебрца беше дел од прекрасниот хуманитарен проект „И ние можеме, насмевка за секое дете“, организиран од СОС Балкан Mедиа – Охрид.
„Во ООУ „Дебрца“ – Белчишта, со голема радост беа поделени 250 новогодишни пакетчиња за сите деца од нашата општина. Ова е историски момент за Дебрца – прва ваква акција од основањето на општината до денес, кога секое дете, без исклучок, доби новогодишен подарок.
Насмевките, детската радост и веселата атмосфера беа најубавиот доказ дека ваквите хумани дела имаат вистинска вредност. Благодарност до организаторите, наставниците и сите кои придонесоа овој ден да биде незаборавен.
Ќе продолжиме да се залагаме ваквите акции да станат традиција, затоа што секое дете заслужува радост, внимание и насмевка – особено во празничните денови.“ – истакна градоначалникот на општина Дебрца, Златко Сиљаноски.
