20/04/2024
Струга

Поднесена кривична пријава против две лица од Струга

Поради постоење основи на сомнение за сторени две казнени дела „тешка кражба“ и едно казнено дело „тешка кражба во обид“, полициската станица од Струга, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против С.О.(27) од Струга и против П.С.(27) од струшкото село Брчево.

Пријавените, казнените дела ги сториле на трети март оваа година во временски период од 00,00 до 06,00часот во Струга, најнапред во маркет лоциран на улицата „Маршал Тито“, во бутик на кеј „Борис Кидрич“ а потоа и во угостителски објект на кеј „8 ноември“.

Во извршувањето на казнените дела, пријавените користеле подесен алат со кој ги кршеле катинарите и бравите од влезните врати а потоа насилно ги отворале. Од маркетот и бутикот, двајцата пријавени одзеле пари, цигари, лап топ компјутер и разна машка облека.

Со извршувањето на казнените дела, сега пријавените С.О. и П.С. се стекнале со противправна имотна корист од 116.000,оо денари.