20/04/2024
Охрид

Подводна еко-патрола 2018

Традиционално, веќе втора година по ред WebOhrid продолжи со самостојниот проект WebOhrid Aquatic, подводно снимање со кој се опфатени повеќе локации во Охридското Езеро, а воедно и еко-патрола, односно отстранување на сиот отпад кој што ни се најде на патот.

И оваа година затекнавме многу отпад, како и вообичаено најмногу има стакло од скршени шишиња, но нè радува тоа што не е создаден нов отпад на локациите кои веќе ги исчистивме минатата година.

Нашите активности продолжуваат и во иднина. Апелираме до сите да го чуваат Езерото, да не дозволат да се создаде нов отпад, а доколку затекнат отпад на плажите, на брегот, во водата, да го соберат и да го депонираат до најблиската корпа, канта, контејнер.

WebOhrid