24/04/2024
Македонија

Поети-членови на ДПМ ќе одбележат 96 години од раѓањето на Блаже Конески

Поети од различни генерации, членови на Друштвото на писателите на Македонија, ќе настапат на свеченост по повод 96-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, поет, раскажувач, есеист, лингвист и книжевен историчар, која денеска напладне ќе се одржи на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“…

На познатата „Средба на генерации“, на која како поет учествуваше и Блаже Конески, на Филолошкиот факултет ќе настапат реномирани македонски поети, меѓу кои се: Ристо Лазаров, Иван Џепароски, Владимир Мартиновски, Делвина Керлуку, Раде Силјан, Милован Стефановски, Гордана Михаилова Бошнакоска, Зоран Анчевски, Веле Смилевски и други.

Блаже Конески (1921-1993) беше еден од иницијаторите за формирање на ДПМ и прв претседател на македонската писателска асоцијација. Во чест на неговото дело Друштвото на писателите на Македонија секоја година од 19-ти до 21 декември ја одржува манифестацијата „Денови на Блаже Конески“.