12/05/2026
Охрид

Показна вежба за евакуација и спасување во ООУ „Св.Климент Охридски“

Во организација на Отсекот за превенција при СВР Охрид, Црвен крст Охрид ,ТППЕ Охрид, ДЗС и ЦУК, вчера (04.05.2026) во ОУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид, беше спроведена показна вежба за евакуација и спасување според соодветно сценарио за случена несреќа.

Целта на вежбата беше подигање на нивото на подготвеност и координираност на надлежните субјекти за соодветно, навремено и ефикасно делување во случај на несреќи, ажурирање и увежбување за примена на Оперативните планови за заштита и спасување и плановите за евакуација во образовните центри и координација во извршувањето на мерките што ги преземаат тимови од надлежните институции.