24/04/2024
Охрид

Поклонение пред бистите на охридскиот великан Христо Узунов

Денес се навршуваат 113 години од херојската смрт на охридскиот великан, револуционер и војвода Христо Узунов и неговата чета. По тој повод потомците на неговото семејство, делегации на Општина Охрид, институции и организации, положија свежо  цвеќе пред бистите на илинденецот во градскиот парк и во легендарното Цер.

Пред споменикот во Цер се одржа панихида за бессмртниот Христо Узунов и неговата дванаесет члена дружина, а децата од ОУ “Христо Узунов“ од селото Другово, имаа пригодна уметничка програма. Пред споменикот на македонските патриоти, свежо цвеќе положија и делегации и организации од соседните градови, Демир Хисар, Кичево и Прилеп.

a