19/04/2024
Охрид

Полицаец физички нападнал екипа на редакцијата Охридскај

Сообраќаен полицаец при БПС Охрид, физички го нападна уредникот на Охридскај, Сашо Денесовски на полицискиот пункт Подмоље, мавајќи го со метална палка по десната рака.

Екипа од двајца новинари од редакцијата Охридскај се упати на полицискиот пункт Подмоље, по што на полицаецот уредно му се легитимираа и запрашаа по кој закон се казнуваат граѓани од источлено семејство. Полицаецот наместо да одговори со метална палка го мавна уредникот на Охридскај при што му нанесе лесна течесна повреда на десната рака  и му го искрши мобилниот телефон кој го држеше во рака. Уредникот му даде наредба на новинарката да вози во полицската станица да го пријават настанот- нападнат новинар и откако екипата на Охридскај замина према Охрид после хотел Амбасадор од истиот полицаец добија светлосни сигнали да застанат и од кога застнаа со движење, од страна на полицаецот наместо да биде повикан да излезе од возило, полицаецот со примена на сила насилно го извади од возило,  а на новинарката и издаде наредба да продолжи да си се движи по патот.

Уредникот на Охридскај беше приведен во ПС Охрид, за наводно омаловажување и навредување на службени лица, како што имаше изјавено полицаецот дека наводно од редакцијата врз него биле упатени пцости и вулгарни зборови и дека наводно со рака му бил покажан Пенис. Очигледно од видеото кое е објавено на официјалната страна на Охридскај, јасно се слуша и гледа дека од страна на редакцијата е постапено професионално, дека немало никакви упатени закани или навреди, туку полицаецот прекршувајќи ги неговите службени овластувања извршил физички напад врз новинар и новинарска екипа, а со цел да го сокрие таквото криминално дејствие повторно ја злоупотребува својата службена положба и овластувања ваѓајќи ги насилно новинарот од возило и повторно злоупотребувајќи ја својата положба и овластување приведил лице за дело кое не го направил.

Во врска со настанот редакцијата Охридскај ќе поднесе соодветни пријави до единицата за професионални стандарди при МВР, а воедно ќе поведи соодветни постапки пред надлежни судови за дивеењето на полицаецот врз новинарска екипа.

Уредникот Денесовски се гонеше од страната на полицаецот за наводно омаловажување на службено лице во вршење на службени дејствија и за неовластено снимање.

Новинарите не смеат ни да снимаат, ни да зборуваат во оваа држава. Чулев и неговата екипа сакаат медиумски молк за да прават што сакаат.

Во 15  и 30 часот  единицата за професионални стандарди при СВР Охрид ја контактираше редакцијата и уреденикот Денесовски и во текот на денот известени сме дека ќе испратат екипа да изврши истрага околу целиот овој случај – настан. Видеот може да го погледнете на  официјланата страна на Ohridsky.com.

Извор: Редакција Охридскај