Полицајци за малку прегазени од возило натоварено со дрва кај Волино, возачот е во бегство
На 25.04.2026 во 23:15 кај место викано „Бел Мост“, во атар на с.Волино, полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило, управувано од Н.Т., со цел да се изврши контрола врз возилото. Но, Н.Т. не застанал туку со возилото се обидел да ги удри полициските службеници.
При тоа од страна на полициските службеници биле испукани неколку куршуми, по што Н.Т. се дал во бегство, а возилото кое било натоварено со дрва е запленето.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
