Полициски службеници одзеле шест риболовни мрежи со уловена охридска пастрмка
Во периодот од 22.00 часот на 06.11. до 02.00 часот на 07.11.2020, при преземање мерки поврзани со незаконит риболов на Охридското езеро, полициски службеници во водите на Охридското Езеро, спроти „Канео“, на околу 1 км од брегот на езерото, пронашле и одзеле шест риболовни мрежи со уловена охридска пастрмка. Риболовниот алат бил подигнат од водите на езерото и предаден во Полициска станица за Граничен надзор Охридско Езеро, а СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителите на кривичното дело „незаконит риболов“.