28/03/2024
Охрид

Полициските службеници извршиле проверка на 49 лица кај месноста „Сараиште“

На 19.01.2021 година во времето од 07 до 15 часот, преземени се активности со цел доследно спроведување на мерките и препораките за заштита и превенција од ширење на Коронавирусот Covid-19.

Притоа, кај месноста „Сараиште“ на улицата „Цар Самоил“ во Охрид, забележана е поголема група граѓани по што, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување по здравствени прописи за време на епидемија“, полициските службеници извршиле проверка на 49 лица.

По целосно документирање, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.