05/12/2024
Охрид

Полна кутија сметки за викендашите

Оние кои што имаат викенд-станови, со секое свое доаѓање во Охрид се соочуваат со голем број сметки кои „ги чекаат на купче“. Повеќето имаат поштенски сандачиња или нивните сметки уредно се складирани од страна на нивните соседи/куќни совети. Но, голем дел се соочуваат и со расфрлани сметки и сметки кои недостасуваат.

Најголем проблем имаат оние кои не доаѓаат често во Охрид и кои немаат поштенски сандачиња.

Во овој случај, во една од охридските згради затекнавме кутија полна со сметки во која сопствениците ќе можат да си ги побараат своите сметки.

WebOhrid