28/03/2024
Охрид

Полу-подземни контејнери на неколку локации во Охрид

Општина Охрид започна активности за поставување на полу-подземни контејнери кои значително ќе придонесат за подобрување на јавната чистота во градот.

Контејнерите имаат капацитет од 5 м3 и ги исполнуваат сите најсовремени стандарди за депонирање на отпад. Располагаат со механизми за побрзо празнење, можност за заклучување и други карактеристики кои ќе овозможат нивно долготрајно користење.

Во рамки на правата фаза, веќе е поставен ваков контејнер пред влезот на „Горна Порта“, а во текот на наредниот период полу-подземни контејнери ќе бидат поставени и на пресекот помеѓу улица „Јане Сандански“ и улица „Славеј Планина“; на пресекот помеѓу булевар „Туристичка“ и улица „Даме Груев“ и на кеј „Македонија“.

Проценетата вредност на контејнерите изнесуваше 1 милион денари, но оваа сума на е-аукција беше намалена на 434.889 денари. Со ова е остварена заштеда во износ 565.111 денар, од средствата на општинскиот буџет.