Положување цвеќе на вечното почивалиште на претседателот Трајковски по повод 15 годишнината од неговата трагична смрт

Делегација на Владата на Република Северна Македонија, составена од заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска и националниот координатор за подготовка за членство на РСМ во НАТО, Стево Пендаровски положи венец од свежо цвеќе на вечното почивалиште на претседателот Борис Трајковски на гробиштата во Бутел, по повод одбележување на 15 годишнината од трагичната смрт на поранешниот претседател.

Свежо цвеќе положија и делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија предводена од Претседателот на Собранието Талат Џафери, како и голем број на странски делегации. Помеѓу другите, свежо цвеќе положија и Алфред Мојсиу, поранешен претседател на Република Албанија, Стјепан Месиќ, поранешен претседател на Република Хрватска, Симеон Саксобурготски, поранешен премиер на Република Бугарија, Ален Ле Роа, француски дипломат и поранешен генерален Секретар на Европската служба за надворешно дејствување и други високи политички и воени претставници од странски земји.