24/04/2024
Охрид

„Помогнете да се спаси еден невин детски живот“ – хуманитарна акција на ученици од ОУ „Григор Прличев“

Учениците и вработените од ОУ „Григор Прличев“ редовно се вклучуваат во хуманитарните акции кои се организираат со цел за собирање на парични средства, како и на други материјални добра. 

„Група ученици од нашето училиште самоиницијативно се издвоија и покажаа дека хуманото постои во нас“– велат од училиштето.

Под мотото „ПОМОГНЕТЕ ДА СЕ СПАСИ ЕДЕН НЕВИН ДЕТСКИ ЖИВОТ“ за ЕВА учениците од V3 одделение се вклучија во акцијата со тоа што во текот на последните два дена во попладневните часови успеаа да соберат и да донираат 21 500,00 денари.

„Оваа акција се уште трае, нека овие ученици ни бидат пример како треба да се помогне. Благодарноста кон овој нивни гест.“– велат од училиштето.