26/04/2024
Охрид

Популарната „Импровокација” во сабота пред охриѓани

Оваа сабота во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде одиграна третата епизода од третата сезона на популарната „Импровокација” со актерите на Народниот Театар од Охрид: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски, потпомогнати од домаќинот на шоуто Филип Ангеличин – Жура.

Ексклузивно за ова издание екипата на Импровокација има нов член, кој засега не се открива.

Новата „ИМПРОВОКАЦИЈА“ носи нови игри и многу забава.Ваквата форма на театар за прв пат се воведува во нашата земја па дури и во регионот. Целта на „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е преку еден неформален и забавен начин да ја демистифицира магијата на создавање театарски игри (сцени) за да го доближи театарот што повеќе до пошироката публика. Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е спонтана, забавна и смешна, но како сите други работи треба да се види и доживее за да се ужива во неа.

Почетокот на шоуто е во 20.00 часот во добро познатиот „ќерал“ на Народниот Театар во Охрид.

Картите во продажба се веќе пуштени во Музичка Продавница Зизи Топ по цена од 150 денари и 200 денари на денот на шоуто.

Карти може да резервирате и на телефонскиот број 075283066 од 11.00-15.00 часот.