Пораз 1:0 од Ерменија во Никозија

Репрезентацијата на Македонија со пораз го заврши второто издание на Лигата на Нации, откако вечерва во Никозија бевме поразени со 1:0 од ‘домашната’ Ерменија. Натпреварот наместо во Ереван се одигра во Кипар, поради воената состојба во Ерменија. Иако и нерешениот резултат не остваша на прво место со кое ќи си исборевме пласман во сегмент Б од Лигата на Нации, со изменет состав поради многуте отсуства не успеавме да избегнеме пораз од ерменците који одат скалило погоре.  

А игравме многу добро во првиот дел кога и се заканивме два пати прекѕ Трајковски, а мора да се напоменат и одличните одбрани на нашиот голман Шишковски кој што меѓу другото во првиот во два наврати спасуваше чист гол.

И во вториот дел продолживме со нападите кон противничкиот гол, и кога изгледаше дека му се доближуваме на водството, сепак гол видовме на наша мрежа. Хамбарџумјан успеа до го совлада Шишковски за водство од 1:0 за Ерменија во 55 минута. Нашата репезентација се обиде да се врати, имавме инициатива, селекторот Ангеловски се обиде со измени неколку измени да го освежи тимот, но на крајот резултатот остана 1:0 за Ерменија, а ние како втори го завршуваме учеството во второт издание на Лигата на Нации.

ЕРМЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА 1:0 (0:0)

„ГСП Арена“ во Никозија (Кипар)

Судија: Боби Мејден (Шкотска)

Стрелец: Хамбарѕумјан 55. (ЕРМ)

МАКЕДОНИЈА: Шишковски, Зајков, Велковски, Муслиу (70. Китановски), Бејтулаи, Костадинов (62. Мицевски), Тотре (84. Трајчевски), Ристовски (70. Дориев), Трајковски, Тричковски, Стојановски (62. Несторовски).

Селектор: Игор Ангеловски