25/04/2024
Спорт

Пораз од Русија во второто коло од групната фаза

Сениорската машка репрезентација на Македонија загуби од селекцијата на Русија во вториот натпревар од главната групна фаза на СП 2021 во Египет.

Ракометарите на Русија уште од самиот старт на мечот наметнаа силно темпо на игра, а нашата репрезентација успеа првиот погодок да го постигне во 6-тата минута, па по одиграни десетина минути од натпреварот репрезентацијата на Русија успеа да стекне седум голови предност. Руските ракометари не ја испуштија предноста и до крај на полувремето успеаа да ја зголемат. Резултатот на полувреме беше 19:09 за Русија.

Второто полувреме започна подобро за нашиот национален тим, со поцврстата игра во одбраната успеавме да го намалиме водството на осум голови во четириесетата минута од натпреварот, но до крајот не успеавме да направиме пресврт на натпреварот и заврши со резултат 32-20 за репрезентацијата на Русија.

Најефикасен ракометар во Македонската репрезентација беше Филип Кузмановски со шест погодоци, потоа Мартин Серафимов со четири, а по два постигнаа Георгиевски, Костески и Пешевски. За селекцијата на Русија најефикасен ракометар беше Сорока со шест погодоци, а Корнев и Василев постигнаа по четири.

Следниот и последен натпревар на репрезентацијата на Македонија е в недела од 15:30 часот против репрезентацијата на Белорусија.