29/03/2024
Македонија

Посета на припадниците на АРМ во „Чојлија“ на првиот ден од Новата година

Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили д-р Ѓорге Иванов денеска ги посети припадниците на Армијата на Република Македонија во касарната „Чојлија”

Претседателот Иванов на припадниците на АРМ кои извршуваат должност за време на новогодишните празници им ја честиташе Новата 2018 година.

„Армијата се покажа дека може да се спротивстави со сите предизвици со кои се соочува. Видовме каква е улогата на Армијата во чувањето на Република Македонија, во илегалната миграција, колку е таа вклучена и подготвена да излезе во пресрет на сите предизвици на кризниот менаџмент и која секојпат е прва во сите елементарни непогоди и се она што е неопходно кога треба да се помогне”, истакна претседателот Иванов, нагласувајќи дека живееме во свет којшто е непредвидлив и во кој постојат нови начини на војување поради што Армијата мора да располага со современи средства и да биде подготвена за сајбер напади.

Во рамки на посетата, претседателот Иванов се информираше за актуелната состојба и за мисијата и задачите на единиците во состав на првата механизирана пешадиска бригада, лоцирани во касарната „Чојлија”.