29/03/2024
Македонија

Посета на заменик министерот за европски прашања во МНР на Р. Чешка и државниот секретар во МНР на Р. Словенија на РМ

Денес, во заедничка работна посета на Република Македонија ќе допатуваат заменик министерот за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Република Чешка, Јакуб Дур и државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Словенија, Изток Мирошич.

Високите претставници од чешкото и словенечкото Министерство за надворешни работи ќе имаат средба со државниот секретар во македонското МНР, Виктор Димовски. На средбата ќе се разговара за интеграцијата на Република Македонија во Европската Унија и во НАТО, за внатрешно-политичката состојба во нашата земја и односите со соседите.

Во рамките на посетата, високите дипломати од Чешка и Словенија ќе остварат средба и со заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи, а ќе одржат и заедничко предавање пред студентите од отсекот за политички науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.