20/04/2024
Охрид

Посипан песок на неколку плажи во Охрид како дел од активностите за уредување на крајбрежјето

Рано утринава беше транспортиран и посипан песок на неколку плажи, како дел од активностите за уредување на крајбрежјето што ги спроведува Општина Охрид во пресрет на туристичката сезона.

Се работи за афтохтон песок кој се распоредува во согласност со одредбите од Планот за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.

Екипите на јавните претпријатија интензивно работат на терен, а во текот на наредните денови ќе бидат поставени клупи за седење, монтажни соблекувални и фонтани за вода.