24/04/2024
Македонија

Поскапува мазутот, останатите горива со иста цена

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од вечерва по полноќ се зголемува малопродажната цена само кај Мазутот, додека малопродажните цени кај останатите деривати не се менуваат.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 21.09.2020 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 49,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,355 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 21.09.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 25,666 ден/кг.