19/04/2024
Охрид

Поставен камен-темелник на црквата Св. Кузман и Дамјан во Рамне

Денеска беше поставен Камен-темелник на црквата посветена на Светите безсребреници Кузман и Дамјан во селото Рамне – Охрид, со што воедно се одбележа и верскиот празник Св. Кузман и Дамјан.

Покрај многубројните верници, на овој чин присуствуваше и делегација од Општина Охрид, предводена од градоначалникот Кирил Пецаков.

Ктитори на овој светол храм се Лиле и Перо Коровеш.

WebOhrid/ А.Андриоски