25/04/2024
Охрид

Поставка во Архивот во пресрет на празникот Св.Климент Охридски

Во пресрет на денот на „Свети Климент Охридски“ – патронот на нашиот град, подрачното одделение на Архивот во Охрид постави во својот хол црковни извадоци кои се рачно пишувани во 1984 година од страна на Јадранка Продониќ во чест на овој голем празник како и поставка за значението на „Свети Климент Охридски“.

„На сите припадници на православната вероисповед, упатуваме честитки по повод големиот христијански празник 8 декември – Свети Климент Охридски.

Свети Климент Охридски – основоположникот на македонската црковна и народна духовност, со унапредување на словенската просвета, го продолжува делото и мисијата на неговите учители Светите браќа Кирил и МетодијДа ги  следиме универзалните вредности на „Свети Климент“ со почит, разбирање и помагање.

Воедно, ве известуваме дека при секој празник, Архивот со свои документи ќе го збогатува празнувањето.“ – вели раководителот доц. д-р Никола Митровиќ Бабе.