28/03/2024
Дебрца

Потпишан договор за финансирање на центарот за развој на Југозападниот плански регион за 2019 година

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски и градоначалниците на Југозападниот плански регион вчера во Струга потпишаа договор за финансирање на центарот за развој на Југозападниот плански регион за 2019 година.

Со овој договор, како што истакна ресорниот министер, ќе се утврдат активностите на центарот и ќе финансираат активности од 1,2 милиони денари за реализација на планскиот регион. Дел од финансирањето е на Министерството за локална самоуправа, а дел на општините. Центарот за развој на Југозападниот плански регион, додаде, има обврска да ги подготви проектите со кои регионот ќе може да аплицира за наредната буџетска година.

Во рамки на обраќањето пред градоначалниците, Милевски ги информираше дека Владата, годинава двојно ги зголемила средствата за поддршка на регионалниот развој од 2017 година.

-Владата ги зголеми средствата за поддршка на регионалниот разовј од 3,5 милиони евра во 2017 година на седум милиони. Од тие средства за Југозападниот плански регион се оддеелија 53 милиони денари за финасирање 10 проекти од кои по три се за развој на регионот и на подрачја со специфични развојни потреби и четири за развој на селата, појасни Милевски.

Пред 10-тина дена, подвлече, почнале со палнирање на новиот циклус за проширување на децентрализацијата.

-Проширувањето на децентрализацијата ќе се одвива во три дела со давање на ингеренциите од централната власт на локалната. Децентралзиацијата ги опфаќа Законот за рамномерен регионален развој, фискалната децентрализација и какви измени би можеле да се нарават при делувањето на локалната самопурава и градоначалниците, додаде Милевски.

Градоначалникот на општина Струга и претседател на Југозападниот плански регион Рамиз Мерко забележа дека со Законот за рамномерен регионален развој треба повеќе средства да се издвојуваат за општините.