23/04/2024
Охрид

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Македонскиот полициски синдикат и Интернационалната полициска асоцијација Македонија

Викендов во Охрид беше потпишан меморандум за соработка помеѓу Македонскиот полициски синдикат (МПС) и Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Македонија. Меморандумот предвидува интензивна соработката помеѓу полицискиот синдикат и меѓународното полициско здружение ИПА, темелена врз основа на следниве принципи: искрена и колегијална соработка, неполитичка и стручна соработка, меѓусебна солидарност, поддршка и меѓусебно почитување и почитување на секој член на МПС и ИПА.

Во меморандумот се предвидени организации на стручни заеднички семинари, работилници, спортски, културни, промотивни и други настани со цел јакнење на професионалните вештини на полициските службеници, јакнење на колегионалноста и градење на меѓусебниот углед на домашно и меѓународно ниво. Предвидени се и други форми на меѓусебна професионална соработка.

Меморандумот за соработка беше потпишан од Златко Цветковски, генерален секретар на Македонскиот полициски синдикат и Игно Стојков, координатор за активности на ИПА со МПС и претседател на ИПА регион Скопје.