07/12/2024
Дебрца

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Дебрца и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Р.Македонија

Денес во Општина Дебрца, градоначалникот Зоран Ногачески и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, Љупчо Јаневски, потпишаа Меморандум за соработка.

„Препознавајќи го големиот потенцијал на регионот што го опфаќа општина Дебрца и водени од потребата за меѓусебна соработка, заради активно унапредување и промоција на туризмот, преку соработка во реализација на проекти, формирање на заедничка туристичка понуда и збогатување на туристичките содржини, со цел заедничко претставување на туристичките потенцијали на Р. Македонија на потенцијални странски туристички пазари, денес во општина Дебрца со директорот Љупчо Јаневски, во името на Општина Дебрца и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија потпишавме Меморандум за соработка. Со Меморандумот се обврзавме взаемно да соработуваме во исполнувањето на обврските, кои имаат за цел формирање и збогатување на туристичките содржини и промовирање на вкупните туристички потенцијали и туристичка понуда на регионот кој го опфаќа општина Дебрца. Направивме чекор напред кон остварувањето на нашата заложба Дебрца да ја промовираме и брендираме како зелена економија и еко туристичка дестинација.“ – изјави градоначалникот Ногачески, по потпишувањето на Меморандумот.